Фудбалерите на Манчестер Сити го победија со 0:2 градскиот ривал Манчестер Јунајтед во заостанатиот натпревар од 31-то коло во англиската Премиер лига и на тој начин скоро и да ја одбранија титулата. Натпревар беше значаен и за Јунајтед кој се бори за четвртото место на табелата коа обезбдува Лигата на шампиони, но се покажа дека се далеку послаб противник од актуелниот шампион.
Првото полувреме заврш без голови, а забележливо беше дека гостинските фудбалери играа во грч, но домаќините не беа доволно опасни да го загрозат голот на Сити, но ниту гостите направија посериозна шанса иако имаа посед на топката.
Сепак, работите доојдоа на свое во 54 минута кога Бернардо Силва со прецизен удар од деснта страна, по акција која не делуваше опасно, го совлада Де Геа. Веднаш потоа Лингард имаше голема шанса за домаќините да изедначат. Беше пред празен гол, но ја промаши топката. Само неколку минути следуваше казна откако од полуконтра мрежата на Јунајтед ја затресе Лерој Сане.
Тренертот на домачините Солскијер не реагираше навремено, па задоцни со измените и предоцна ги уфрли во игра Лукку, Санчез и Марсијал, кои во и така анемичната игра на средниот ред на Јунајтед не моѓеа ништо да сторат. Добрата вест за „црвените ѓаволи” е поразот на Арсенал со 1:3 како гостин на Вулверхемптон.
Сити сега пак е прв на табелата со 89 бода, еденбод повеќе од Ливерпул на три натпрвари до крајот. Тотенхем е трет со 70, Члзи четврти со 67, Арсенал следи со 66, Јунајтед 64…