Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот профил на „Твитер“ одговори на СДСМ и на Стево Пендаровски, кои ја обвинија дека лаже откако претходно твитна дека жали што нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски го откажал учеството на дебатата на „Телма“.
„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на ‘Телма’. А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Сиљановска на „Твитер“.
Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма.
А можеше да научи нешто за ЕУ.— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 24, 2019
Од СДСМ одговорија„Сиљановска повторно лаже и се служи со невистини. Воопшто не е точно дека бил закажан ТВ дуел на Телма телевизија. Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од ‘Жешко столче’ на истиот медиум“, oд каде во прилог ја испратија поканата за дебатата.
Силјановска не остана должна па повторно обави пост на Твитер од обаснувањето на ТВ Телма, од каде рекоа дека двајцата кандидати, уте по првото гостување на телевизијата на почетокот на кампањата потврдиле дека ќе настапат денеска на дебата, но вчера добиле известување од штабот на Пендаровски дека пораи обврски мора да ја откажат дебатата.
Откако @SPendarovski кажа па заборави, сега очекувам и да негира. pic.twitter.com/INPmHRbAcy
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 24, 2019