Американската актерка Скарлет Јохансон (34) минатата ноќ го привлече вниманието на сите присутни на премиерата на филмот „Одмаздници“. Во тесен фустан без прерамки и со високи прорези, Скарлет ги засени колешките од филмот. Косата ѝ беше пуштена, навидум неугледна, совршен погодок за оваа добитна комбинација.
Нејзиниот полугол грб откри голема тетоважа на роза, која беше идеален моден додаток. Едноставни сандали о ременчиња на високи потпетици го дополнија изгледот за премиерата на филмот.
Скарлет ја игра „Црната вдовица” во филмот, акциска хероина со портокалова коса, која најчесто носи тесен црн костим. Јохансон е една од најталентираните актерки на денешницата, а стана позната благодарение на сензуалноста и облините, па често глуми фатални убавици.
На премиерата беа сите ѕвезди на серијата: Натали Портман (37), Бри Ларсон (29), Зое Салдана (40), Роберт Дауни Џуниор (54), Крис Хемсворт (35) со неговата сопруга Елсом Патаки (42), Крис Прат (39) со свршеницата Кетрин Шварценегер (29) и многу други.