Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солксјер презеде неконвенционален пристап пред денешното дерби со Манчестер Сити.
Норвежанецот одлучи утрово да го одведе тимот во старата клубот база „Да Клиф” каде што играчите одржаа лесен тренинг. Самиот Солскјер тренираше таму во неговите рани години во Јунајтед, но на крајот на 90-тите менаџерот на тимот, сер Алекс Фергусон одлучи дека оваа база веќе не ги задоволува потребите на тимот и во 2002 година беше отворен новиот центар за обука во Карингтон.
Стратегот одлучи да се сврти кон славната историја на клубот за да ги инспирира своите играчи пред денешниот судир на „Олд Трафорд”.
При победа на Јунајтед, тимот останува во битка за топ 4 и пласман за ЛШ во следната сезона. За „граѓаните” сепак „залакот” е поголем, откако тие се борат за освојување на титулата во Премиер лигата.