Скопјани им свртеа грб на Зоран Заев и Стево Пендаровски. Скопје му даде црвен картон и на неработникот Петре Шилегов за криминалното водење на градот и лагите за чист воздух. На изборите СДСМ со нивниот кандидат освои 55 000 гласа помалку во однос на локалните избори кој што беа само пред година дена. Зоран Заев знае дека скопјани веќе се определија опозициски и својата поддршка ја дадоа на кандидатот и професорката на ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова.
СДСМ откако ја загуби поддршката на изборите, продолжува да врши жестоки притисоци и да се заканува на вработените во јавната администрација.
Зоран Заев посегна по јавната администрација во Град Скопје. Заев во моментов преку неговите перјаници во Град Скопје и раководни лица се заканува дека ќе брка луѓе од работа. Луѓе кои се вработени со години и децении во градот Скопје.
Според информациите кои стигнаа до нас од загрижени вработени во администрацијата на Град Скопје, раководни лица од градот повикувале вработени кои не се членови на СДСМ и им упатувале закани да не се вклучуваат во кампањата и надвор од работно време како што е и впрочем дозволено, а потоа се заканувале и да не излегуваат на гласање на денот на избори односно 5-ти мај односно вториот круг. Доколку го прават едното или другото пораката била јасна ќе бидат избркани од работното место каде што работат со години и децении.
Ваквите состаноци се држени со претходно предупредување, вработените да ги остават мобилните телефони надвор од канцеларијата на функционерот во град Скопје кој што ги повикувал да им го соопшти истото.
Ова е тежок криминал и овој криминал ќе се докаже и ќе биде санкциониран откако правдата ќе се врати во Македонија и откако ќе профункционира правната држава.
Почитувани господа од СДСМ,
Ви дојде крајот. Граѓаните повеќе не ви се плашат. Ниту една закана со отказ на работното место нема да ја смени вољата на граѓаните која што беше јасно изразена во првиот круг од изборите. Граѓаните знаат дека зад параванот за гласање никој не може да знае дали го заокружиле името на идниот претседател проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. Затоа сакаме да ги предупредиме извршителите на сценариото на Заев и Шилегов дека доаѓа денот кога ќе одговараат пред надлежните институции за овој криминал кој што го прават.