По повод претстојните Велигденски празници, од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) информираат дека од 26 (петок) до 29 април (понеделник), паркиралиштата со кои стопанисува ова претпријатие ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
„Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30 април годинава со вообичаено работно време“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Воедно, тимот на ова Јавно претпријатие ја користи приликата да им ги честита Велигденските празници на граѓаните од православна вероисповед.