Според последните информации од Шри Ланка, полицијата смета дека татко на двајца од бомбашите самоубијци кои учествувале во терористичките напади, им помогнал на синовите во организацијата на истите, јави Си-ен-ен.
Inshaf and Ilham Ibrahim, privately educated sons of a millionaire, were agents of #IS when they walked into the Shangri-La and Cinnamon Grand hotels in Colombo, Sri Lanka, and blew themselves up, contributing to the murder of 350+ people on Sunday. https://t.co/yHYQtpw0uk pic.twitter.com/bvmck7hzx6
— Kyle Orton (@KyleWOrton) April 24, 2019
Во текот на страшниот терористички чин, извршен за време на ктолички Велигден, загинаа најмалку 359 лица, а неколку стотици беа повредени.
Полицијата во неделата го уапси Мохамед Јусуф Ибрахим по нападите врз хотели и цркви. Неговите синови Иншаф Ахмед Ибрахим и Илхам Ахмед Ибрахим се двајца од бомбашите кои се разнесоа при нападите.
На денот на набадот тие смирено влегле во луксузните хотели Шангри-Ла и Синамон Гранд и додека додека гостите доручкувале, ги детонирале своите експлозивни елеци. Во овие напади загинаа најмалку 40 странски државјани, од кои три деца.
Полицискиот портпарол, Руван Гунсекера, за Си-ен-ен изјави дека нивниот татко Мохамед Јусуф Ибрахим е во притвор поради сомневање дека ги помогнал и ги поттикнал своите деца на терористичките напади. Полицијата задржала и другите членови на семејството.
Двојки браќата бомбаши биле членови на истакнато семејство од Коломбо, главниот град Шри Ланка.
Мохамед Ибрахим, таткото на Иншаф и Илхам, е сопственик и основач на компанијата Ishana Exports со седиште во Колумбо, која на својата интернет страница се рекламира како најголем извозник на зачини од Шри Ланка од 2006 година.
Како што веќе пренесоа светските медиуми, полицијата по нападите ги открила имињата на самоубијците и почнала да ги пребарува нивните куќи.
По упадот во домот на Илхам Ахмед Ибрахим, неговата бремена жена Фатима се разнесела притоа убивајќи ги своите три деца и тројца полицајци.
Другиот брат Иншаф (38) живеел со сопругата и четири деца, осумгодишна ќерка и три момчиња на возраст од шест, четири и две години, во куќа вредна 1,5 милиони фунти во богатиот кварт на Коломбо. Во куќата имал сопствена вежбалница и голем број на автомобили.
Бил успешен бизнисмен и поседувал фабрика за бакар. На својата сопруга, како што таа тврди, не и најавил што ќе направи. Наместо тоа, ѝ рекол дека оди на бизнис патување, а дека таа треба да биде храбра како и секогаш.
Роднините и вработените ги опишуваат браќата како богати, мирни и побожни.