Заменик-директорот на ЦИА, Вон Бишоп, пристигна во официјална посета на Сараево, е потврдено за „Аваз“ од Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.
Според „Аваз“, Бишоп утринава пристигна во Сараево и во следните два дена ќе се состане со шефовите на полициските агенции во БиХ, како и со шефовите на другите државни институции.
Од утринските часови на улиците на Сараево има голем број полицајци, кои во неколку наврати го запираа сообраќаат за да обезбедат безбеден премин на колоната возила во која се наоѓаше Бишоп.