Град Скопје: Вработените не ги делиме според политичка и партиска припадност

Времињата на закани и притисоци во градската администрација се минато. Очигледно е признанието на ВМРО-ДПМНЕ како владееле и на кој начин ги присилувале вработените во администрацијата, па мислат депортпаролотка не може да има друг начин на раководење во Градот, реагира Град Скопје на oбвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски

„Опозицијата не може да сфати и да се помири со фактот дека во Скопје сега е време кога покрај вработените и граѓаните учествуваат во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта, нешто што не беше пракса во минатото“ соопшти градот.

Оттаму додаваат дека е важно да се потенцира, дека Град Скопје не ги дели вработените според политичка и партиска припадност, туку спротивно, ги стимулира сите оние што професионално, совесно и посветено ја работат својата работа и придонесуваат за остварување и развој на сите проекти во градот.

„За првпат, после децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, политиката е надвор од администрацијата, а фокусот е насочен кон интересите и потребите на сите граѓани.Насилното владеење, ширењето страв и омраза во администрацијата е минато што граѓаните на Град Скопје никогаш повеќе нема да дозволат да се врати и да се повтори“ се додава во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави