Во пресрет на последниот натпревар на Вардар на домашен терен против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров со емотивен статус преку Инстаграм се прости од Македонија.
„Последен натпревар. Фала за се Македонија и Македонци”, напиша Дибиров со фотографија од големото славје на европската титула.
Екипата на Вардар вечерва против ПИК Сегед веројатно за последен пат игра во овој состав поради најавениот распад на тимот откако сопственикот Сергеј Самсоненко најави заминување од клубот.