За три години, своето име го смениле речиси 400 граѓани на Бања Лука, соопшти Одделението за општа управа.
Причините поради кои граѓаните го менуваат името се различни, од тоа дека сакаат да имаат модерно или меѓународно име поради заминувањето во странство, до тоа дека нивното име не им се допаѓа, но има и случаи родителите да не ги впишале децата во матичната книга на родените, пренесува „Независнe новине“.
Во првите три месеци годинава поднесени се 27 барања со кои граѓаните бараат промена на името.
Во Оддеелението објаснија дека има случаи кога не е можно некој да го примени името, а тоа се однесува на оние кои се кривично гонети или осудени за кривично дело, а казната не е извршена.