На една фарма во сојузната американска држава Монтана родено е теле со две глави. Фотографијата од оваа навистина ретка појава ја објавила фармерката Хедер Херман, која навела дека го пронашла додека го прегледувала добитокот.
„Отидов во вообичаен дневен преглед на нашето стадо и зaбележав дека една крава се издвоила од другите. Кога дојдов до неа, видов теле како лежи до неа а уште од далеку сфатив дека со него нешто не е в ред. Кога разбрав за што станува збор, не сакав ниту да гледам“, објаснила Хедер.
Таа додала дека ја зачудило како воопшто кравата успеала да се отели со такво теле а без помош, но рекла дека со кравата сè е во ред и дека здравјето не ѝ е влошено. Телето, како што рекла, починало набрзо.
Цицачи со две глави се многу ретка појава, но се случува ако ембрионот делумно се одели или кога два одделни ембриони делумно се спојат, пишува „Метро“.