Обвинение за разбојникот кој си ја ограбил баба си

ОЈО Велес до Основниот суд Велес поднесе обвинение против 23-годишнник осомничен за разбојничка кражба од чл.238 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на 9 ноември лани  околу 7.30 часот, заедно со уште едно лице – дете, влегле во куќата на бабата на обвинетиот.

Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи.

За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не зебележи што се случува. Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира.

По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари ги поделиле меѓусебно.

Треба да знаете
Последни објави