Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашниот дуел на МРТ со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова рече дека токму таа му била главен советник на Ѓорѓе Иванов за аболицијата која ја донесе.
-Цинично е кандидат кој се залага за право и правда, а додека беше минатата власт, ниту еднаш да не каже став за бегството на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за прислушувањето, за оценката од ЕУ како заробена држва. И можеби тоа не треба да не чуди зашто Силјановска беше главен советник на Иванов за срамната аболиција, рече Пендаровски.
На ова Силјановска одговори дека тоа не е точно, и дека таа само еднаш се видела со Иванов кога побарала од него да стави вето на спорниот Закон за високо образование.