Единаесет работници загинаа, а двајца завршија со повреди кога се откачи сајла на лифт во градилиште, во градот Хенгшуи, во северна Кина.
До несреќата дојде утрово, а како што пренесе „АП“, ова е последната на низата несреќи коишто се случија оваа година.
Пред еден месец, 78 лица загинаа во експлозија во хемиски погон во градот Јанченг.