Хуманитрната ситуација во либискиот главен град Триполи продолжува да се влошува, а густо населените области се претвораат во бојни полиња, во четвртокот предупреди Меѓународниот комитет на црвениот крст.
Од таму додадоа дека болниците се соочуваат со хроничен недостаток на медицински залихи и прекини на електричната енергија.
„Неопходно е на болниците, медицинските установи, здравствените работници и возилата за пренесување на ранетите да им се овозможи безбедно да ги спроведуваат своите активности“, велат од Црвениот крст.