Шинзо Абе побара помош за киднапираните Јапонци во Северна Кореја

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изјави дека од лидерите на Вишеградската четворка – четири земји од Централна Европа, побарал помош за долгиот спор со Северна Кореја околу киднапирањата на јапонските граѓани пред неколку децении.

Абе рече дека бара „разбирање и поддршка” за тоа прашање кое е „многу важно” за Јапонија, објави АП.

Јапонија вели дека Северна Кореја во текот на 1970-тите и 1980-тите години киднапирала најмалку 17 јапонски државјани со цел да ги обучат агентите на јапонскиот јазик и култура за да да шпионираат за Јужна Кореја.

Пјонгјанг призна дека киднапирале 13 лица.

Двете земји немаат официјални дипломатски односи.

Абе денеска се сретна со премиерите на Словачка, Чешка и Полска и со унгарскиот министер за финансии.

Земјите сочинуваат група позната како Вишеградска четворка.

Треба да знаете
Последни објави