Пјонгјанг се закани со „соодветен одговор” три дена откако Јужна Кореја и САД започнаа двонеделна заедничка воздушна вежба.
Јужнокорејскиот „подмукол чин во голема мера нè разочара” и значи „воена провокација”, изјави портпаролот на севернокорејскиот одбор за повторно обединување за државната новинска агенција КЦНА.
Вежбите се намалена алтернатива на досегашните големи вежби „Макс Тундер“ кои се одржуваат од 2009 година од страна на Јужна Кореја и САД.
Двете држави, исто така, го најавија прекинот на неколку големи заеднички воени вежби во текот на минатата година, вклучително и „Фол игл” и „Кеј Рисолв” во март, како дел од дипломатскиот притисок врз Северна Кореја за нејзина денуклеаризација.