Автомобил излетал од пат и удрил во пешак

Пешак бил полесно повреден откако во него удрил автомобил кој излетал од пат, вчера во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 16 часот на улицата Јадранска магистрала. Автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(34) од Скопје, излетал од коловозот и удрило во пешакот Р.С.(58) од Скопје.

Од ударот возачот се здобил со тешки повреди, а пешакот бил полесно повреден.  Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

Треба да знаете
Последни објави