Бројот на жртви од поплавите во Африка достигна 70 лица

Речиси 70 лица загинаа во Јужна Африка по поројните дождови долж источниот брег, објави официјален претставник во четвртокот, а спасувачите сѐ уште наоѓаат нови тела.

Провинцијата Квазулу-Натал, каде што загинаа најголем број луѓе, секоја година има поројни дождови, но во нив ретко загинуваат толку многу луѓе за толку краток временски период. Според Ленокс Мабасо, портпарол на локалниот оддел за соработка и тадиционални прашања, тоа се должи на климатските промени.

Мабасо додаде дека попрецизен број на жртви ќе биде даден подоцна во четврток.

Сведоците во средата рекоа дека поплавата довела до лизгање на земјиштето и уништување на патиштата и другата инфраструктура.

Од јужноафриканската метеоролошка служба велат дека ваквите дождови не се необични за овој период, иако нивото на врнежи е повисоко од нормалното. Тие додаваат дека високиот број на жртви се должи на тоа што поплавите се случиле во густо населени места, како и дека врнежите ќе стивнат до крајот на денот.

Треба да знаете
Последни објави