Британската Влада почна истрага за откривање на доверливи разговори и улогата на кинеската компанија „Хуавеи Технолоџис” во синџирот на снабдување на 5Г мрежата.
Советот за национална безбедност одлучи да го забрани пристапот на Хуавеи до сите делови на јадрото на 5Г мрежата во земјата и да го ограничи пристапот на таа компанија до резервни делови.
Излегувањето на информации од состанокот на Националниот совет за безбедност, првпат објавени во медиуми, предизвика бес во Парламентот, бидејќи дискусиите на одборот треба да бидат тајни.