Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за првпат се сретнаа во Владивосток и при тоа си разменија подароци. Лидерите на двете земји си подарија еден на друг – мечеви.
Според „Раша тудеј”, Ким Џонг-ун во моментот кога му го даваше подарокот на Путин, зборуваше за моќта на својата земја.
Најмногу внимание на Ким му привлече сабјата што му ја понуди Путин, а фотографиите од тој настан беа објавени од светските медиуми.
За да се избегне „лоша среќа”, Путин покрај сабја му даде и паричка, а потоа и Ким го стори истото.
Во рацете на Владимир Путин се најде традиционален корејски меч.
„Тој ја претставува силата, тој ја претставува душата, мојата и на нашите луѓе кои ве поддржуваат”, рече водачот на Северна Кореја.
Ким и Путин се состанаа за првпат во вторникот. Средбата траеше двојно повеќе од очекуваното. Тие разговараа за билатералните односи, сегашната ситуација и перспективите за нивниот развој.