Власта е делегитимирана и мора да си замине. Зоран Заев и Стево Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоија само 42,84% од гласовите на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на опозицијата во албанскиот блок ја освоија довербата на преку 53% од граѓаните. Тоа е најдобар доказ дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува. Одиме надолу и на економски и на демократски план. Одиме надолу и на листите за корупција и во здравството и во образованието и на полето на безбедноста.
Македонија оди напред само во однос на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Тоа се фактите кога три пати аболициран политичар ја води државата по принципот „едно евро за вицето”.
Бизнисите на граѓаните тонат, но затоа фирмите на функционерите од власта добиваат тендери во 4 очи и испумпуваат милиони од буџетот. Немаме 500 евра просечна плата, немаме 100.000 денари плата за лекарите, немаме 600 километри автопат, но затоа имаме криминал, корупција и непотизам. Граѓаните живеат во тешка мака, земјоделците сечат дрва, болните не можат да најдат лек, младите се иселуваат како никогаш до сега.
Република Македонија тоне. Со Стево Пендаровски уште повеќе ќе тоне. Затоа е потребно граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. За право и правдина“, се вели во соопштението.