„Општина Гази Баба секој ден уназадува, ветените проекти на Борче Георгиевски остануваат мртво слово на хартија. Во делови во нашата општина на граѓаните им се одзема дури и правото на чиста животна средина кое е загарантирано. Жителите се соочуваат со огромни проблеми, а надлежните од општина Гази Баба и градот Скопје се недопирливи и глуви на нивните апели, кажа Живко Белчев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Гази Баба
Според Белчев, на територија на Општина Гази Баба создадени се огромни депонии на смет и шут кој се носи од целиот град.
„Во вечерните часови како што беше случајот и пред неколку денови со депонијата во населеното место Кирил Петрушевски се случува огромен смет да биде запален и директно да се загрозува здравјето на жителите. Господине Георгиевски, вие и Петре Шилегов имате одговорност за последиците по здравјето на граѓаните во овој случај. Како е можно да го игнорирате ова злодело?
Дополнително алармот е вклучен со тоа што Јавното комунално претпријатие го претворивте во прибежиште на членови на СДСМ од месните организации и е тотално нефункционално за намената за која што треба да ја извршува.
Но секако е функционално кога треба да одработува за партијата СДСМ, како што вчера обелоденија дел од медиумите каде камион сопственост на ЈКП „Гази Баба 2007“ е фотографиран пред штабот на СДСМ како разнесува рекламен материјал.
ВМРО-ДПМНЕ и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сите средства ќе се бори за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапува нивните интереси“, изјави Белчев на прес-конференцијата.