До 30-ти јуни 2019 година, Снабдување со топлина Балкан Енерџи, нуди повторно можност за бесплатно приклучување. Од компанијата велат дека целта им е за да овозможат на што поголем број исклучени потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење.
Информираат дека акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересираните потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.
„За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 30-ти јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан Енерџи. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200“, велат од Балкан Енерџи.
Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите.
Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По завршување на акцијата, односно од 1-ви јули, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.