Ишаран споменикот на советските ослободители во центарот на Виена

Непознати вандали го ишараа со црна боја споменикот на советските ослободители кој се наоѓа на плоштадот Шварценбергплац во центарот на Виена.

Во моментот кога споменикот беше ишаран не работеа безбедносните камери, а полицијата вети дека ќе ја симне бојата во најкус можен рок и дека ќе ги заостри безбедносните мерки околу споменикот, според ТАСС.

Ова не е прв пат споменикот да е цел на вандали кои веќе неколку пати го имаат ишарано со боја, поради што виенската полиција во почетокот на април постави две камери да го снимаат споменикот, но тие сè уште не почнале да работат.

Станува збор за најпознатиот споменик посветен на советските ослободители во Австрија, а е подигнат во чест на 17.000 советски војници кои загинале за време на ослободувањето на Виена во 1945 година.

Во Австрија има повеќе од 300 воени гробишта и локалитети поврзани со Втората светска војна, а во согласност со договорот на земјата и на сојузниците (СССР, САД, Велика Британија и Франција), Австрија е должна да ги почитува, чува и одржува гробиштата и спомениците подигнати на нивните војници и воени затвореници кои се бореле против нацистичка Германија.

Треба да знаете
Последни објави