Иранскиот министер за надворешни работи посочи дека земјата е отворена за идејата за размена на затвореници, вклучувајќи ја и Назанин Захари Ретклиф, Британка со двојно британско-иранско државјанство, која е в затвор во Иран од 2016 година.
Во неделата, Министерот Мохамед Џавад Зариф рече дека му е жал за Захари-Ретклиф и јавно понуди размена со ирански затвореници во САД, Германија и Австралија.
Захари-Ретклиф беше уапсена на аеродромот во Техеран во 2016 година, а подоцна беше обвинета за заговарање да ја собори иранската влада. Таа ги негираше обвиненијата против неа, тврдејќи дека била во посета на Иран за да го види своето семејство.
Британската влада смета дека однесувањето на Иран во случајот е неприфатливо.
Зариф, исто така, додаде и дека Иран ги информира САД за ваквата понуда пред шест месеци, но дека се уште нема добиено одговор.
Меѓутоа, подоцна Зариф рече дека неговата понуда се однесува само на оние што се притворени во име на барањата за екстрадиција од страна на САД.
Тој истакна дека случајот на Захари-Ретклиф е посебен и дека неговата понуда не се однесува на истиот.