Најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија, и нејзиниот лидер, Киријакос Мицотакис, го одбија повикот на грчкиот премиер Алексис Ципрас за телевизиски дуел пред изборите во Европскиот парламент во мај, според грчкиот весник „Катимерини“.
„Откако премиерот Алексис Ципрас ќе ги објави парламентарните избори, ќе имаме време за онолку дебати колку што тој сака”, рече портпаролката на Нова демократија, Софија Закараки.
За време на митинзите на владејачката партија Сириза на кои Ципрас ги најави своите кандидати за европски пратеници, тој, исто така, го повика лидерот на најголемата опозициска партија на телевизиска дебата и се пошегува на сметка на Миотокис, дека „конечно за време на гостувањето на телевизија со него ќе ја достигне гледаноста што му доликува на шефот на опозицијата”.
Ципрас, исто така, рече дека тоа е вистинска можност да ги соочат фактите, ставовите и аргументите во четири очи без никакви флоскули.