Мотоцикл повреден во судир со два автомобили во Скопје

Мотоциклист бил повреден во сообраќајна несреќа со уште два автомобили, претпладнево во Скопје.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 10.50 часот на булеварот Киро Глигоров, во близина на хотелот „Хилтон“. Во сообраќајката учествувале  мотоцикл, автомобил „шкода фабиа“ и автомобил  „хјундаи“, сите со скопски таблици.

Од ударот мотоциклистот бил повреден по што бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.

ФОТО: 24 ИНФО

Треба да знаете
Последни објави