Соработката меѓу Русија и Кина стана важен фактор за стабилизација во време кога Западот се обидува да стане единствен и неоспорен светски лидер на меѓународната арена, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред утрешната посета на Кина.
– Руско-кинеската соработка во надворешната политика е важен фактор во стабилизацијата на глобалните работи, особено затоа што ставовите на нашите земји се совпаѓаат или се блиски кога станува збор за клучни актуелни прашања, рече Путин во интервју за кинескиот весник „Женмин жибао”.
За жал, додаде рускиот претседател, некои западни земји претендираат да бидат единствен светски лидер.
– Тие ги газат нормите и принципите на меѓународното право, прибегнувајќи кон уцени, санкции и притисоци, обидувајќи се да ги принудат земјите и народите да ги прифатат нивните вредности и сомнителните идеали. Апсолутно не се согласуваме со такви пристапи, истакна Путин.