Оскаровецот Рами Малек ќе го игра главниот негативец во новиот филм за Џејмс Бонд, беше потврдено на специјален настан во Јамајка. Сепак, „Бонд 25“, кој треба да излезе на 25 април наредната година, и натаму нема добиено официјално име.
Даниел Крег за последен пат ќе го игра тајниот агент 007, a во улогите на „М“ и „Кју“ се враќаат Ралф Фајнс и Бен Вишоу, Наоми Харис повторно е госпоѓица Манипени. Француската актерка Леа Сејду ќе го репризира ликот на Медлин Свон од „Спектра“ од 2015 година.
Нова убавица во филмот треба да биде шпанско-кубанската актерка Ана де Армас, позната од филмот „Блејд Ранер 2049“.
Откако Дени Бојл се повлече, Кери Фукунага беше избран за режисер на филмот, па практично ќе биде првиот американец во оваа улог. Тој е познат како режисер на хитот „Вистински детективи“ од првата сезона на ХБО, како и на драмата на Нетфликс„Манијак“. Тој потврди дека веќе неколку сцени веќе се снимени во Норвешка.