За непотизам и злоупотреби Гордана Сиљановска треба да се обрати кај нејзиниот шеф на штаб, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
Шефот на штаб на Сиљановска, Игор Јанушев, е дел од истрагата на СЈО, наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување„ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси.
Јанушев е еден од симболите за непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, таткото и сестрата на Игор Јанушев се вработени во ЦУК и МВР.
Конечно и самата Сиљановска е пример за непотизам и транзициски политичар.
Сиљановска кога била министерка во првата политичка Влада од независноста, во деведесеттите години, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.
Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.