Амбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

Во тек на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиника Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт.

Саботното дежурство, на 27 април, на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.

Здравствен дом Скопје им препорачува на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од  животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини.

Треба да знаете
Последни објави