Во Украина усвоен закон според кој украинскиот е единствен јазик

Украинскиот парламент усвои закон според кој украинскиот јазик е единствениот официјален јазик во земјата.

Законот го поддржаа 278 пратеници, а како што се наведува за неговото усвојување биле неопходни најмалку 226 гласови, пренесе „ТАСС“.

Според законските одредби, сите граѓани сега мораат да го користат украинскиот јазик во сите сфери од животот, а спроведувањето на документите ќе го надгледуваат инспектори за јазик, кои ќе присуствуваат на седниците во сите државни органи кои би изрекувале парични казни за непочитување.

Нацрт-законот, потсетува рускиот медиум, предизвика бура во јавноста во Украина и во странство.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров рече дека Русија е загрижена поради кршењето на јазичните и образовните права на националните малцинства и дека Москва по тој повод упатила писмо до Европската комисија, Советот на Европа, ОБСЕ и НАТО.

Треба да знаете
Последни објави