Едно лице е повредено синоќа при пожар што избувнал во приземен стан во трикатна станбена зграда во хрватскиот приморски град Сплит.
Поради пожарот од зградата се евакуирани околу 20-тина лица, меѓу кои и деца.
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 20 пожарникари со шест противпожарни возила.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.
Очевидци на настанот за хрватските медиуми изјавија дека виделр како станари од приземените станови во паника скокале од балконите на своите домови, бегајќи од густиот чад.