На задоволство на про-веганското лоби, кое бара поголем избор од, на пример – пржени компирчиња, синџирот ресторани Мекдоналдс деновиве во Германија ќе го пушти во продажба новиот вегански сендвич „Биг веган бургер”.
– Трендот без месо станува сè поголем!, нагласи Филип Вашхолц, претставник на интернационалниот конгломерат.
Новиот голем вегански бургер нема да биде достапен во Швајцарија и во Австрија.
Побарувачката и понудата на вегански производи во Германија, постојано расте.