Граничната полиција на аеродромот во Сараево, денес при редовна контрола откри сириски државјанин, кој без дозвола за движење и задржување во рестриктивната зона на аеродромот, се обидел да се качи на авион за Виена, поради што е ставен под надзор.
Според граничната полиција, авионот кој летал за Виена бил евакуиран и била извршена контрадиверзивна проверка на авионот, по што било утврдено дека нема пречки за полетување на авионот, објави „Фена“.
Пилотот им потврди на патниците дека одредени лица ги заобиколиле безбедносните бариери и дека поради тоа летот доцни.
Авионот полета по два часа задоцнување.