На територијата на Бања Лука, поради топлото време дошло до наезда на стршени, поради што властите го зголемија бројот на интервенции за отстранување на овие инсекти.
„Поради покачените температури, многуте цветови на овошните дрвја и други растенија со кои стршените се хранат, згора на тоа и ако е медоносна година, тогаш имаме зголемен број на стршени, но и други инсекти“, вели директорот на „Еко Бела“, Владимир Шушњар, а пренесува РТРС.
Според него, стршените се особено присутни по дворовите во населби со мали овоштарници.
„Тие се појавуваат и во градот на места каде што нема правилно отстранување на отпадот, особено онаму каде што има фрлено лименки од пијалаци во кои има шеќер“, додава Шушњар.
Тој предупредува дека убодот од стршен може да биде исклучително опасен, а понекогаш дури и смртоносен, особено ако се случи во пределот на главата и вратот. Оттаму препорачливо е граѓаните да не се справуваат сами со проблемите во врска со овие опасни инсекти, туку да повикаат стручни лица.