Нов омилен пијалак на купувачите на „Кока-Кола“ е флаширана вода

„Кока-Кола“, компанијата гигант во индустријата за пијалаци, се обидува да излезе на крај со купувачите кои се откажуваат од консумирањето на газирани пијалаци и се повеќе се насочуваат кон флашираната вода.

Според најновиот квартален извештај, „Кока-Кола“ во првите месеци од годинава остварила приход од осум милијарди долари, пет отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, но продажбата на нивните газирани пијалаци, како оригиналните „Кока-Кола“ и „Кока-Кола зиро“ е назначително зголемена. Нивните брендови на кафе и чај стагнираат.

Од друга страна, како што е објавено, продажбата на брендовите на флаширана вода и минерална вода во нивна сопственост, „Смартвотер“ и „Вајтаминвотер“, е зголеменa за шест отсто во однос на претходната година. Сега се обидуваат да ги привлечат клиентите со вода со разни вкусови, нови рецепти и пијалаци со помалку шеќер, објави „Јутарњи лист“.

Сепак, ваквиот развој на настаните не е новина. Продажбата на флаширана вода ја надмина продажбата на газирани пијалаци уште во 2016 година, според податоците на фирмата за истражување на пазарот „Beverage Marketing Corporation“.

Една година подоцна, продажбата на флаширана вода во САД се зголеми за 8,8 отсто во споредба со 2016 и порасна на 18,5 милијарди долари остварени од продажба.

Треба да знаете
Последни објави