ОЈО Гостивар поднесе обвинение против еден осомничен за кривично дело убиство од член 123 став 1.
Обвинетиот на 29 декември лани околу 17 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот. Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање за работа, обвинетиот го нападнал оштетениот нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.
Истовремено со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.