Американската оперска пејачка Черити Тилеман-Дик, чиј прекар беше Саншајн, почина на 36-годишна возраст, јави „Би-би-си“.
„Ова утро се затвори животната завеса на една од најголемите хероини. Нашата сакана Черити почина опкружена од нејзиниот сопруг, мајка и браќа и сестри со сончева светлина на нејзиното лице“, објави нејзиното семејство на официјалната фејсбук-страница.
Точната причина за смртта сè уште не е соопштена.
Во 2004 година ѝ беше дијагностицирана пулмонална хипертензија, поради што беше два пати на трансплантација на белите дробови. И покрај сериозната болест која ѝ го доведуваше животот во опасност, Черити продолжи да работи и настапуваше низ целиот свет.
Черити живееше во Балтимор, Мериленд, со сопругот Џонатан Дорон.
„Никогаш немаше да си простам ако не се обидев во музиката”, изјави еднаш Шерити за „Би-би-си“.