САД се подготвени да ги прогласат легитимните власти на Венецуела за „меѓународен спонзор на тероризмот” за да ја оправдаат употребата на сила и санкции против таа земја, изјави денеска потпретседателот на Главната разузнавачка служба на рускиот генералштаб Игор Костјуков на конференцијата за меѓународна безбедност во Москва.
„Вашингтон всушност е подготвен да го прогласи раководството на Боливарската република за „спонзор на меѓународен тероризам“, со цел да употреби сила и санкции против Каракас под овој изговор”, рече Костјуков, според ТАСС.
Осмата Московска меѓународна конференција за безбедност се одржува од 23 до 25 април.
На конференцијата беа разгледани клучни прашања поврзани со меѓународната безбедност.