По инспирирањето илјадници луѓе од целиот свет да протестираат против климата, шведската тинејџерка Грета Тунберг стана фаворит за добивање на Нобеловата награда за мир во 2019 година, според водечката британска обложувачница „Ледброкс“.
Тунберг, која се појави на глобалната сцена со организирање училишни протести поради недостиг на активности во борбата против климатските промени, има најголеми шанси да ја освои престижната меѓународна награда со квота од 5/2, според „Ледброкс“.
Ако ова 16-годишно девојче ја освои наградата, таа ќе биде најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.
Титулата на најмлада добитничка во моментот ја има пакистанската активистка Малала Јусуфзаи, која ја доби наградата во 2014 година на 17 години.