Германската влада од западнобалканскиот самит в понеделник очекува размена на мислења на учесниците, но не исклучува ниту можност за конкретни резултати, соопшти германската влада.
– Таа средба пред се служи за дијалог на сите учесници. Дали врз основа на разговори ќе се стигне до решение што ќе биде прифатливо за сите страни не можеме однапред да кажеме, изјави Урлике Демер, портпарол на германската влада.
– За германската канцеларка и за францускиот претседател, стабилноста и поволниот развој на ситуацијата во регионот се од голема важност, додаде Демер на редовна прес конференција. Состанокот го свикаа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за 29 април во Берлин.