Епидемија на мали сипаници во САД, карантин во Лос Анџелес

Американските власти оформија карантин на два Универзитети во Лос Анџелес, каде се сместени голем број на луѓе, откако ширум САД беше прогласена епидемија на мали сипаници, изјавија официјалните лица, пренесе „РСЕ“.

Во САД е забележан најголем број на случаи со мали сипаници од 2.000 година.

Според податоците на американскиот центар за контрола и превенција на болести во САД се потврдени 695 случаи на зараза. Голем број од случаите биле пријавени во Њујорк и Вашингтон.

Во Калифорнија се потврдени 38 случаи на мали сипаници.

Треба да знаете
Последни објави