Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека француско-германското пријателство не значи дека двете земји не смеат да имаат различни ставови кога е, на пример, во прашање брегзитoт или односите со САД.
„Културата на компромиси е многу важна, и јас многу од тоа научив од канцеларката Ангела Меркел, но тоа не треба да го спречи изразувањето на францускиот став, ако тој постои“, изјави Макрон.
Како што пренесе „Ројтерс“, Макрон истакна дека конструктивната конфронтација понекогаш е неопходна за да дојде до компромис.
„По прашањето за брегзитот не сме баш на иста линија“, рече Макрон.