Сиљановска: Сите носиме тежок крст на плеќите, се чувствувам како да го носам најтешкиот

По повод христијанскиот празник Велики Петок, кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот „Фејсбук“ профил напиша дека секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите, но таа во моментов се чувствува како да го носи најтешкиот.

„Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род. Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота. Јас во моментов се чуствувам како да го носам најтешкиот крст. По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото.

Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото“, пишува на својот Фејсбук профил, Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/photos/a.779463125744898/824467141244496/?type=3

Треба да знаете
Последни објави