(Фото) Инцидент во Чаирчанка: Скопјанец завршил во болница

Едно лице било повредено денеска во Скопје, информираат од МВР.

Од МВР, велат дека во 16.25 часот во ГОБ“Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден во ногата В.И.(1998) од Скопје. Извршен е разговор со него и се работи на расчистување на случајот.

Според информациите на 24 Инфо, станува збор за серизоен инцидент кој се случил во ТЦ„Чаирчанка“, но од полицијата немаат детали како се повредил В.И..

Инцидентот се случил попладнево, а во расправијата учествувале неколку лица вооружени со пиштоли, но пукање немало, велат очевидци. Повредениот бил однесен со возило на итната помош во болница.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави