Aлбанската опозиција одржа вчера протести за време на кои во период од еден час блокира неколку национални патишта, барајќи оставка од владата која ја обвинува за корупција и врски со организираниот криминал.
Симпатизерите на Демократската партија блокираа пет крстосници и побараа формирање на преодна влада и предвремени парламентарни избори, јави „АП“.
Агенцијата потсети дека албанската влада ги негира обвинувањата на опозицијата.