Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади, коментирајќи ја актуелната политичка ситуација во земјата, не го поштеди премиерот Еди Рама од тешки обвинувања.
Таа му порача дека партијата повеќе не е како во времето на Илир Мета,кој сега е актуелен претседател на Албанија, но и сопруг на Круемади.
-Јасно му порачувам дека ЛСИ не е од времето кога нејзин лидер беше Илир Мета. Љубовта со криминалецот заврши. Љубов и спокојство за човекот кој во црно ги облече албанските мајки. Знам дека е тешко,знам дека тоа е проблем. Може да ги запрат мажите но не и жените. Во секој албански дом има борец кој знае каде да стигне. За Албанците кои немаат леб за јадење, ситуацијата е уште полоша,рече Круемади.
Таа посочи дека наспроти партијата на Рама, целта на ЛСИ е да им даде сила на граѓаните и оти власта не е во рацете на ниту еден партиски лидер.
-Социјалстичкото движење за интеграција е партијата која на одреден начин ги извлече граѓаните од нивните домови.Албанската држава не сопстевност на Рама туку на Албанците. Албанија е држава на Албанците а не на петчлена група. Нашиот предизвик не е да си помагаме меѓусебно, туку да им дадеме сила на нашите граѓани. Ова е единствениот начин да го разбудиме тоа чувство на благодарност за албанските граѓани. Ако останеме заложници на црно-бело пишаните закони, ќе бидеме заложници на премиерот Еди Рама, рече Кремади.